Тешко е да не се забележи нередот по слабиот почеток на кампањата на ЕУ за вакцинација против ковид-19, пишува Фердинандо Џулијано во неговата колумна за „Блумерг“. Европскиот блок успеа да употреби вкупно 8,9 милиони дози вакцини, што во просек изнесува две на секои 100 жители, според податоците за вакцинацијата на „Блумберг“. САД и Обединетото Кралство се на седум, односно на 10,5 дози, на секои 100 жители, а Израел е на 43 дози. Бидејќи досега одобрените вакцини се даваат во две дози, ЕУ ја очекува голем предизвик за враќање на кампањата во колосек.
Унијата има цел да вакцинира 70 отсто од населението во секоја земја-членка до крајот на летото, но нејзиното остварување е доведено во ризик. Европа одобри две вакцини – на „Фајзер“ и на „Модерна“, но нивните залихи се недоволни. Европската медицинска агенција треба да го разгледа барањето за одобрување на вакцината на „Астра зенека“, но британската компанија вели дека ќе го намали снабдувањето за ЕУ во првиот квартал за 60 отсто. А вакцината-кандидат на француската компанија „Санофи“ нема да биде готова барем до крајот на годинава.
Последиците од вакциот неуспех би можеле да бидат катастрофални ако ЕУ набргу не се справи со нив. Згора, репутацијата на блокот е доведена во прашање кога не може да ги заштити најранливите граѓани. Успешната вакцинација исто така е единствениот одржлив начин за помош во закрепнувањето на економијата.
Неуспехот на ЕУ почнува со нарачувањето на вакцините, бидејќи беше бавна и воздржана со оние кои ветуваа најмногу. Спроведувањето на вакцинацијата исто така е бавно, особено во Франција и во Белгија.
ЕУ затоа цели кон фармацевтските компании. А нејзините функционери вчера се сретнаа со претставници на „Астра зенека“, барајќи објаснување за доцнењето во ветената испорака. Не е доцна ЕУ да се справи со неуспесите, но политичарите мораат да дејствуваат бргу. Трката за враќање во нормала треба да биде добиена, поради здравствени и економски причини. Оние што ќе завршат на второто место ќе се соочат со долгорочни последици, заклучува авторот.