Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, рече дека „Астра зенека“ прво треба да ја исполни својата договорена обврска кон ЕУ пред да започне со извоз.
Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра зенека“ вети дека ќе испорача 120 милиони дози вакцини против ковид-19 во ЕУ во првите три месеци, но ќе испорача само 30 милиони.
– Мислам дека таа компанија мора прво да го испочитува договорот што го има со членките на Унијата пред да започне повторно со извоз – рече фон дер Лејен.
Европската комисија во средата одлучи да ги засили контролите врз извозот на вакцината против ковид-19, воведувајќи ги принципите на реципроцитет и пропорционалност како нови критериуми до кои производителите мораат да се придржуваат за да добијат одобрение за извоз.