Пред тунелот Караванк на словенечката страна на границата со Австрија е формирана огромна колона. Според медиумите се чека и по 13 часа за да се премине границата. Многумина чекаат во автомобили со часови без храна и вода.
Сето тоа е предизвикано од новата регулатива поврзана со ковид-19, според која секој автомобил којшто влегува во Австрија мора да биде проверен.
Повратниците кои транзитираат само преку Австрија, мора да се обврзуват дека ќе продолжат кон земјите во кои се враќаат без да застанат, а Црвениот крст започнал да ги снабдува со вода луѓето во автомобилите кои чекаат да влезат во земјата.