СЗО вели дека човештвото не е ни приближно до нивото за создавање на имунитет на коронавирусот што би било неопходно за стекнување на колективен имунитет.
Колективниот имунит обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 проценти од населението мора да има антитела за да се спречи епидемија. Сепак, некои експерти сугерираат дека заштитен ефект би имало и ако најмалку половина од популацијата има имунитет.
Сепак, таквата теорија ја отфрли официјалниот претставник на СЗО, Мајкл Рајан, велејќи дека не треба да живееме со надеж дека ќе го стекнеме имунитетот на стадото, пренесува АП.
– Како глобално население, ние не сме ни блиску до нивото на имунитет, потребно за да се запре пренесувањето на оваа болест. Тоа не е решение и не е решение што треба да го бараме – изјави тој на конференција.
Повеќето истражувања спроведени досега заклучија дека само 10 до 20 проценти од луѓето имаат стекнато антитела.