Вакцината „спутник в“ е ефикасна и против новиот вид на коронавирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, кој ја произведе вакцината.
– Секако, тие ќе штитат, нема докази дека нема – изјави Гинзбург за РИА Новости.
Во Велика Британија е откриен нов вид коронавирус кој се шири многу побрзо, но нема докази дека предизвикува потешки форми на болеста.