Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на интернет.
На собирот млада жена била споредена со жена која се борела против нацистите во Втората светска војна, при што еден член од обезбедувањето ја обвинил за банализација на Холокаустот.
Неколку луѓе кои протестираа ги носеле ѕвездите на Давид, симболи кои нацистите ги принудуваа Евреите да ги носат за време на Третиот рајх пред да ги убијат.
Една жена зборуваше на сцената во Хановер, велејќи им на колегите демонстранти дека се чувствува како Софи Шол, бидејќи е активна во отпор, држи говори, оди на протести, дели флаери. Шол заедно со нејзиниот брат и другите членови на групата за отпор на Белата роза, се борела против нацистите.
Откако дистрибуирала летоци на Универзитетот во Минхен, таа била осудена за велепредавство и егзекутирана од нацистите во 1943 година.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска на својот профил на Твитер напиша дека споредбата со Шол ја исмева храброста потребна за заземање став против нацистите.
– Ништо не ги поврзува протестите со борците на отпорот. Ништо! – напиша Мас.