Ламбда-варијантата на коронавирусот досега е откриена во 30 земји, пред се во Јужна Америка, но индивидуални случаи се регистрирани и во Европа – Шпанија, Велика Британија, Италија и Германија. Иако првата ламбда-инфекција е регистрирана во Перу пред една година, релативно малку се знае за тој мутант, пишува „Дојче веле“.
Засега, Светската здравствена организација објави дека варијантата ламбда, се испитува. Сепак, поголем дел од научниците сметаат дека, засега, малку е веројатно дека ламбда ќе го потисне делта-сојот на коронавирус, кој во моментов доминира.
Според ново јапонско истражување, ламбда-видот, не само што е позаразен, туку и поотпорен на антитела.