Милиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа поради постојаното зголемување на бројот на луѓе кои страдаат и умираат од ковид-19. Поради игнорирање на препораката на експертите, тие се плашат од нов бран на инфекции за време на празниците во декември.
Центрите за превенција и контрола на болести и локалните и федералните власти ги повикаа Американците да останат дома и да го слават Денот на благодарноста само со оние со коишто живеат, но многумина отпатуваа во другите делови на земјата за да го поминат празникот со своите семејства.
По еден милион луѓе дневно поминале низ американските аеродроми дневно во изминатите пет дена, што е за 60 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, но најголем број патници има од почетокот на пандемијата во март.
Традиционалната парада за Денот на благодарноста се одржа во Њујорк, но без публика да ја гледа во живо. Наместо традиционалната патека од две и пол милји, дефилето беше ограничено на само еден блок и можеше да се гледа само на телевизија.