Кина објави најголем број на нови случаи заразени со коронавирус во речиси шест недели, што следува поради големиот број на луѓе кои пристигнуваат од странство, а земјата се соочува со предизвиците за спречување на нов бран на ковид-19.
Вкупно нови 108 случаи се забележани вчера, што е зголемување во однос на претходниот ден кога имало 99. Вкупниот број на потврдени случаи во копнена Кина сега изнесува 82.160, додека бројот на смртни случаи се зголемил за два, на 3.341.
Министерството за здравство соопшти дека 98 нови случаи се увезени и дека се работи за луѓе кои дошле во Кина од други земји, што е нов рекорд во однос на бројот еден ден претходно, кога биле 97.
Бројот на асимптоматски случаи паднал на 63. Иако бројот на дневни инфекции силно опаднал во однос на пикот на епидемијата во февруари, Пекинг е загрижен дека луѓе кои доаѓаат од надвор би можеле да покренат втор бран и повторно да ја вратат земјата во состојба на речиси целосна парализа.