Во обемна меѓународна операција против шверц на пијалоци, храна и потенцијално опасни медицински производи, запленети се 17.000 лажни тестови за коронавирус, соопшти Интерпол.
Во операцијата што ја спроведоа Интерпол и Европол во 77 земји меѓу декември 2019 и јуни 2020 година, запленети се повеќе од 12.000 тони производи во вредност од 40 милиони долари.
Операцијата разби 19 криминални организации, а уапсени се 407 лица.
Запленети се и контаминирани млечни производи, месо од незаконски убиени животни и фалсификувани медицински производи.