Првата доза на потенцијалната вакцина против коронавирус на британската фармацеветска компанија „АстраЗенеца“ би можела да се најде на пазарот на крајот на оваа година, изјави италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.
– Ние зборуваме за потенцијална вакцина така што мора да бидеме екстремно внимателни, но доколку вакцината биде потврдена за безбедна и способна да ги исполни своите цели, таа ќе биде достапна веќе на крајот на 2020 година – рекол тој во Парламентот.
Фармацевтските светски фирми се во трка која прва ќе открие вакцина против коронавирусот од кој починаа повеќе од 850.000 луѓе во светот, а заболеа повеќе од 25 милиони.
Европската комисија ѝ плати 336 милиони евра на „АстраЗенеца“ за најмалку 300 милиони дози од потенцијалната вакцина.