Американските здравствени власти дадоа препорака за давање на вакцините против ковид-19 на деца на возраст од шест месеци до пет години, последната возрасна група за која вакцината сѐ уште не беше одобрена.
– Знаеме дека милиони родители и старатели чекаат нивните деца да бидат вакцинирани, а со денешната одлука тој ќе може да го направи тоа – изјави д-р Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Советодавното тело на ЦДЦ нагласи дека вакцините им даваат заштита на малите деца од хоспитализација, смрт и можни долгорочни компликации.
Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ги одобрува вакцините и ЦДЦ одлучува кој може да ги добие.
Американската влада се подготвува да започне да дава вакцини за најмалите деца на почетокот на следната недела, а милиони дози се нарачани за дистрибуција до лекарите, болниците и здравствените клиники низ целата земја.