На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца со ковид-19 на возраст од 9-16 години, еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика, информира Министерството за здравство.
Од таму наведуваат дека ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.
Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12 до 17 години примиле една доза вакцина против Ковид – 19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.