Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 19 до 27 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од недела температурата ќе биде во постепено опаѓање.