Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите изречени закани.
-Ги слушнавме зборовите на лидерот на Хезболах, Хасан Насрула, неговите агресивни планови. Нека им биде јасно – доколку Хезболах направи таква глупост и го нападне Израел, ќе ги уништиме Либан и Хезболах- рече израелскиот премиер.
Нетанјаху додаде дека, за разлика од Насрула, тој не сака да објавува детали за израелските планови.
Генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насрула, во интервју за телевизијата „Манар“ на карта покажа големи израелски градови кои се наоѓаат во ракетен опсег на тоа движење.
За потсетување, за последен пат Израел водеше војна со Хезболах во 2006 година и траеше 33 дена. Овој конфликт е попознат како Втора Либанска војна.