Министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео му се закани дека Иран со „зголемување на изолацијата и санкции”, откако Техеран потврди дека Иран ќе почне да збогатува ураниум на повисоко ниво од договореното и покрај противењето на меѓународната заедница.
– Најновиот развој на нуклеарната програма на Иран води кон поголема изолација и повеќе санкции. Треба да се вратиме на старата политика, која на Иран му забранува збогатување на ураниум. Режим на Иран, кој е опремен со нуклеарно оружје ќе стане уште поголема закана за светот – напиша Помпео на Твитер.
Иранските власти соопштија дека ќе започнат со збогатување на ураниум до ниво коешто е забрането според договорот. Дозволеното ниво е до 3,67 проценти. Иранските мерки се одговор на повлекувањето на САД од договорот и повторното воведување санкции.
Договорот за иранската нуклеарна програма го постигнаа во 2015 година во Виена, Иран и шесте големи сили -. САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија.