Премирот Заев се сретна со бугарскиот претседател Радев
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се сретна со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во рамките на агендата на работната посета на оваа наша соседна земја.
На средбата беше истакнато дека посетата на делегацијата на Владата на Република Македонија на Бугарија на највисоко ниво е од исклучителна важност и доаѓа во момент кога силната динамика на контактите и дијалогот е од огромна важност за односите меѓу двете земји.
Двајцата соговорници на средбата истакнаа дека јасната европска перспектива на Република Македонија е од големо значење за Република Бугарија и нејзиното конкретно остварување е во прилог на заедничката иднина на двете земји во ЕУ.
Премиерот Заев на средбата истакна дека градењето на пријателството меѓу братските народи на двете земји е обврска на лидерите кои пред себе треба да ја имаат перспективата на младите.
Самата денешна посета на владината делегација на Република Македонија во Софија може да се смета како значаен исчекор кој ќе ги поттикне идните чекори за решенија за отворените прашања на кои двете страни ќе посветат сериозно внимание.