Transporten voen avion
Фото: ЕПА

При слетување на аеродромот во Муан, авионот на корејската авиокомпанија „Jeju Air“ удрил во заштитната ограда на крајот од пистата и експлодирал. Се стравува дека сите патници во авионот загинале, а несреќата ја преживеале само двајца членови на екипажот кои биле извлечени од опашката на авионот – соопштија локалните власти.

Новинската агенција Јонхап ги цитираше аеродромските власти дека опремата за слетување не функционирала за време на слетувањето, поради што авионот скршнал од пистата, удрил во ѕидот што го опкружува аеродромот и се запалил.

Во авионот кој се враќал од Тајланд имало 175 патници и шест членови на екипажот. Двајца членови на екипажот кои биле во опашката на авионот се спасени. Пожарникарите се сомневаат дека ќе има уште преживеани.

Avionska nesreka J.Korea
Фото: Принтскрин

 – Удар на птица е меѓу неколкуте теории за можната причина за падот, кои не се потврдени – изјави претставник на воздухопловниот оддел на Министерството за транспорт на Јужна Кореја, додавајќи дека истрагата е во тек.

Меѓу патниците имало и двајца тајландски државјани, а останатите се претпоставува дека се Јужнокорејци – соопшти Министерството за транспорт.

Несреќата се случи на јужнокорејскиот меѓународен аеродром Муан на југот на земјата.