Угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,2 отсто, а во однос на март лани за а 6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалаци за 0,1 процент.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6,2 отсто.