Фото: Пиксабеј

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип.

СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми.

-Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни – се наведува во соопштението на СЗО.

Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.