Фотографијата „Св. Богородица Захумска“ – Охрид на авторката Гонца Перунковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
– Едно од најубавите и најнедостапни места на Охридско езеро, во чија близина езерото е најдлабоко и најтаинствено. Како да чува некоја древна тајна или легенда, како онаа за царицата која со конец сакала да ја измери длабочината на езерото, па тоа се налутило, се разбранувало и разбеснело, па ја одвратило од намерата. На брегот, под стрмните карпи бил изграден манастирот, како знак на благодарност, но и „за ум“ на секој човек, да не ја предизвикуваме и да не си поигруваме со моќта на природата – вели авторката во описот на фотографијата.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.