Фотографијата Скриено прибежиште на авторката Сања Петрушовска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
– Искачувајќи се кон врвот Љуботен доаѓате до овие куќарки кои се дел од планинарскиот дом Љуботен, место за одмор за секој љубител на планината – вели Петрушовска, опишувајќи ја нејзината есенска прошетка на Шара.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.