Сите земји-членки на НАТО се согласија Украина на крајот да стане членка на Алијансата, но сега главниот фокус е да се обезбеди Киев да ја победи Русија – изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Одбранбените лидери на НАТО и партнерските земји се собраа вчера во Рамштајн за да ѝ пружат дополнителна воена помош на Украина.
– НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика на приклучување на Украина во НАТО блокот. Имаме работа со агресивен блок кој посегнува по нашата безбедност – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што беше започната специјалната воена операција, а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката да се започне специјалната операција била правилна, бидејќи се обидуваме да ја обезбедиме безбедноста на Русија – додаде Песков.