Фото: ЕПА / Илустрација

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на средбата со новинарите изјави дека САД ја менуваат „методологијата за тоа како придонесуваат“ во разговорите меѓу Русија и Украина и повеќе нема да „летаат околу светот при првиот повик за средби“.

-Киев и Москва сега мора да излезат со „конкретни“ предлози за завршување на војната и да се состанат директно за решавање на конфликтот – додаде Брус.

-Ќе продолжиме да помагаме, но повеќе нема да летаме околу светот како посредници на состаноци – изјави таа за новинарите.

– Сега сè е на двете страни. Дојде време тие да презентираат и развијат конкретни идеи за тоа како да се заврши овој конфликт. Од нив ќе зависи – додаде таа.

Брус притоа посочи дека Трамп „знае дека постои друг дел од светот, цела планета на која ѝ е потребно одредено внимание.“

Државниот секретар Марко Рубио и Доналд Трамп претходно предупредија дека САД ќе се повлечат од напорите за медијација доколку не се постигне значителен напредок.

– Секретарот, исто така, јасно стави до знаење дека, иако нашиот стил ќе се промени, методологијата на нашиот придонес ќе се промени во смисла дека повеќе нема да бидеме посредници –  се присети Брус.

Подоцна, Трамп објави закана за повлекување на социјалната мрежа Truth Social.

– Ако една од двете страни ги отежни работите премногу, ние едноставно ќе кажеме: Вие сте будали, вие сте глупави, вие сте ужасни луѓе и ние едноставно ќе се повлечеме –  изјави тој.

САД и Украина потпишаа сеопфатен економски договор за воспоставување инвестициски фонд за обнова на Украина. Володимир Зеленски го нарече овој договор „историски“, а Вашингтон вети дека ќе продолжи да го поддржува Киев во одбрана од руската инвазија. За возврат, Украина ќе им обезбеди на САД пристап до вредни природни ресурси.