Фото: Принтскрин

Русија ја гаѓаше Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и од Каспиското Море и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека цел на нападите во саботата навечер и денеска наутро е воената инфраструктура на Украина.

 

-Крстосувачки ракети „Калибар“ беа лансирани од Црното Море кон фабрика во градот Нижин, која ги поправа украинските оклопни возила оштетени во борбите – рече Конашенков.

Русите објавија снимка со суперсоничен проектил – колку е моќно е ова оружје?

Русија лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Каспиското Море и суперсонични ракети „Кинжал“ од воздушниот простор на Крим за да го уништи складиштето за гориво што го користи украинската армија, додаде Конашенков.

Тоа е складиште за гориво во регионот на Николаев. Според Министерството, уништената цел била „главниот извор на гориво за украинските оклопни возила“ распоредени на југот на земјата.

-Русија го погоди и украинскиот воен центар, во кој се сместени странски доброволци во регионот Житомир, 150 километри западно од Киев. Во нападот загинаа повеќе од 100 (украински) специјални сили и странски платеници – соопшти руското МО.

Засега нема потврда од украинска страна ниту од независни извори.