Фотографијата Раноутрински поглед на авторката Алисија Колевска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-При врвот од дрво покрај Дојранското Езеро забележав птица која се чинеше го очекува изгрејсонцето – ја опишува Колевска фотографијата.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.