Нуклеарно оружје нема да биде распоредено на територијата на Финска по нејзиниот влез во НАТО, изјави синоќа министерот за надворешни работи на таа држава, Пека Хависто.
– Финска не постави никакви предуслови при аплицирањето за членство… Но, јасно е дека нема да има нуклеарно оружје на финска територија дури и по добивањето членство – нагласи Хависто.
Тој ја потврди визијата на политичкото раководство на земјата дека Финска и Шведска истовремено ќе влезат во НАТО.
– Финска и Шведска формираат единствена одбранбена стратешка структура. Истовремената најава на Финска и Шведска за влез во НАТО не е само гест на учтивост, туку прашање на зајакнување на одбранбените капацитети на двете земји – рече Хависто.