Фототграфијата Мирен, но подготвен на авторката Ангела Цветковска е овонеделниот избор на Ангела Цветковска за фотографија на неделата.
-Мирен, но подготвен. Овој гуштер стои на гранката како тивок набљудувач на светот околу него. Неговата текстура и бои се во совршен склад со природата, но во секој момент може да ја расплете својата скриена величественост. Оваа фотографија ја доловува тенката граница меѓу прилагодувањето и истакнувањето – уметноста на опстанокот во неговата најчиста форма. Изборот и објавувањето на мојата фотографија го посветувам на мојот дедо, кој веќе не е со мене а често купуваше и читаше весник – вели Цветковска.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.