Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите и визијата на Христо Татарчев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО) и прв претседател на Централниот комитет. Роден е на 16 декември 1869 година во Ресен, потекнувал од богато трговско и банкарско семејство. Се школува во Пловдив, Цирих и Берлин. Поради својата револуционерна дејност во 1901 година бил притворен и осуден на заточеништво во Бодрум Кале. Во 1902 година е помилуван и заминува во Софија кадешто како задграничен претставник на МРО, заедно со Христо Матов, ја донесува одлуката за кревање на Илинденското востание.
Во постилинденскиот период неговото влијание се намалува и постепено се повлекува од револуционерната дејност.
По Првата светска војна е меѓу главните критичари на Тодор Александров и еден од основачите на Македонската федеративна организација, позната и како Македонска федеративна револуционерна организација. Поради заканите од страна на ВМРО и Тодор Александров принуден е да емигрира во Италија.

Татарчев е автор на бројни статии за Македонската револуционерна организација и македонското политичко прашање. Многумина пишувале за МРО и за македонската борба за слобода и државност, но авторските текстови на Христо Татарчев на оваа тематика се автентично видување на нештата.
Мирка Гинова – учителка, револуционерка и народна хероина
Mисирков – меѓу перото, јазикот и идејата за самостојна Македонија
Питу – симболот на континуитетот на отпорот и идеалот за слободна Македонија
Дамјан Груев – волјата на револуционерна Македонија
„Нова Македонија“ ги „оживува“ зборовите на Ченто
Проект на „Нова Македонија“: Гласот на револуционерите повторно се слуша!
            































