ФОТО:Илустрација/ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) имформира дека вчера имало вкупно 20 пожари на отворен простор, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии.

До утрово, активни пожари од последното деноноќие, има уште четири. Тие се во Општина Македонски Брод, кај с. Белица , во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава, каде што горела ниско стеблеста шума и пасиште; во општина Прилеп, кај с.Алинци и во Општина Сопиште кај с.Света Петка, каде што гореле депонии и во Општина Студеничани кај с.Осинчани каде што горела ниска мешана шума и сува трева.

Изгаснатите 16 пожари биле во општините: Гази Баба, Сарај, Босилово, Кривогаштани, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Струга, Чашка, Куманово и во општината Јегуновце.