Франција сѐ уште нема донесено одлука дали ќе ја поддржи Македонија за старт на преговорите со ЕУ, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние во интервју за Радио Слободна Европа.
Амбасадорот, сепак, подвлече дека Франција е на наша страна во однос на евроинтеграциите и е подготвена да помогне за олеснување на процесот, иако верува дека патот не е едноставен и не знае колку ќе трае.
Запрашан дали Македонија и Албанија се заложници на желбата на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирање на ЕУ, Тимоние изјави дека треба да се види контекстот, во кој што говорел Макрон во однос на проширувањето на Западен Балкан и реформите во Унијата.
-Тоа беше тежок момент, за среќа успеавме да го надминеме за назначувањето на новите лица на Европската унија-рече Тимоние.