Пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој, пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум Македонија со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.
– Само со вакцинација, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход – пишува министерот за здравство.