Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е прво негово интервју по напуштањето на функцијата претседател на Европската комисија.
Туск вели дека Брегзит е „најтажно искуство“ за него во петте години од неговиот мандат, во бурен период обележан со кризата на еврозоната во Грција, вжештени дискусии за миграцијата и доаѓањето на власт на Доналд Трамп.
Според „Гардијан“, Туск смета дека поранешниот британски премиер Дејвид Камерон погрешил со организирањето на референдум на кој „немал шанси да победи“. Туск исто така откри дека утрото по гласањето, тој сепак верувал дека одлуката може да биде поништена.
– Мојата намера беше да ја проширам целата дебата во Европа, но и во Велика Британија. Со ова, можеби (секако наивно) се надевав дека резултатот на крајот може да биде различен – додаде Туск.
Туск го опишува Макрон како „идна надеж на Европа“ и вистински пријател, но вели дека има проблеми со „многу нови идеи и мислења“. Туск исто така се спротивстави на зближувањето на Макрон со Русија.