Властите на Велика Британија се загрижени бидејќи голем дел од испитаниците на „Опиниум“ велат дека се скептични во врска со безбедноста на вакцината
Повеќе од една третина на испитаниците на анкетата на „Опиниум“ изјавиле дека нема да ја примат ковид-вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ кога ќе стане достапна за јавноста, пренесува „Гардијан“.
Три четвртини од испитаниците се оптимистични дека ќе бидат вакцинирани до април, а исто така забележана е и зголемена надеж кај постарите лица, кои нетрпеливо чекаат да бидат вакцинирани, од кои половина, односно 52 отсто изјавиле дена не чувствуваат загриженост во врска со несакани ефекти од ковид-вакцината.
Сепак, 35 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да ја примат вакцината, дека таа не е безбедна, или пак, не би имала ефект, туку напротив, ќе предизвика несакани ефекти кај оние кои ќе ја примат.
За властите на земјата, но и ширум светот, вакцината на „Фајзер“ претставува надеж за надминување на пандемијата, животот ќе се врати во нормала, а економијата ќе почне да закрепнува.