До ДИК пристигнаа илјадници нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори.
– На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени приговори (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници! – објави партијата на Фејсбук.
На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ…
Posted by Левица / E majta / Levica on Сабота, 18 јули 2020
Претходно Алијансата за Албанците поднесе 77 приговори. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пред едн час најави дека ќе поднесат 2000 приговори до Државната изборна комисија.