Охрид и Македонија имаат рок до февруари в година, за да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, одлучи УНЕСКО на 43-та сесија што се одржува во Баку, Азејберџан. Охридскиот регион, барем засега, нема да се најде на листата на загрозени подрачја.
Меѓу првите барања испорачани од УНЕСКО беше да се прогласи мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро.
За прашањето на дивоградбите, деновиве предупреди и здружението „Фронт 21/42“ посочувајќи дека се легализирале 250 дивограби од ноември 2017 до април 2019 година.
Македонската делегација што ја сочинуваа министерот Едмонд Адеми, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, дала уверувања дека веќе била запрена изградбата на дивоградбите и дека препораките ќе можат да се спроведат до февруари.
Општина Охрид досега го подготви регистарот на нелегални градби согласно препораките на УНЕСКО, ги тргна палмите и дел од билбордите од центарот на градот, на кејот.