Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 во Македонија, информираат од Министерството за здравство.
Од новозаразените 26 се од Скопје, десетмина од Тетово и по еден од Куманово, Прилеп, Велес и Битола.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје починал 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2 и Кочани-2.
Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, а починати се 111 лица. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 409.
Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на ковид-19.