Најмалку 18 лица загинаа, а околу 160 други се повредени денеска кога патнички воз излета од шините во округот Илан во источниот дел на Тајван.

Како што јави ДПА, при инцидентот се превртеле пет од осумте вагони на возот.

Причините за несреќата засега не се познати.