Податоците на сајтот „Ворлдометерс“ покажуваат дека од коронавирус во светот боледуваат над 10 милиони луѓе, а 500 илјади се починати досега.
Околу 5 милиони заразени оздравеле, но и натаму над 4 милиони се активни случаи, од кои речиси 58.000 се критични.
Најголем број од заболените и натаму се во Соединетите Американски Држави, а по нив следат Бразил и Русија.