Откако го договори нацрт-договорот за Брегзит кој предизвика големи критики, британската премиерка Тереза Меј оваа недела се враќа во Брисел за понатамошни преговори.
По тешката недела, во која нејзината Влада ја напуштија неколку министри поради несогласувања околу постигнатиот компромис, Меј рече дека следните седум дена ќе бидат „клучни“.
– Всушност, преговорите во голем дел се уште се во тек и ништо не е договорено додека се не биде договорено – рече Меј во интервју за Скај Њуз.
Предвидено е Меј да се сретне со претседателот на Европската комисија(ЕК) Жан-Клод Јункер.
Меј е под закана за гласање на недоверба на нејзината Влада и тоа најмногу заради посебниот статус предвиден за Северна Ирска по Брегзит.