Под влијание на топол бран следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Инаку, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од севеоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје сончево време со умерен северен ветер и максимална температура до 34 степени.