Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол Дмитриј Песков, јави руската новинска агенција ТАСС.
– Путин планира да се вакцинира пред официјалното патување во Јужна Кореја, каде ќе се сретне со лидерот на таа земја. Путин вчера доби покана од неговиот јужнокорејски колега. Тој потврди дека дефинитивно ќе ја прифати поканата кога ќе се вакцинира – рече Песков, но не откри кога треба да се случи официјалното патување.
Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ вчера објави дека во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери било договорено Путин да ја посети азиската земја по понатамошно стабилизирање на состојбата со коронавирусот.