Заболените од ковид-19 понекогаш поминуваат само со благи симптоми, додека други заболени умираат од болеста. Новите истражувања укажуваат на тоа дека крвните групи имаат голема улога во влијанието на имунолошкиот систем, пренесува „Дојче веле“.
Научниците се прашуваат зошто одредени лица кои се заболени од коронавирусот воопшто немаат или имаат многу благи симптони, додека на други им е потребен медицински третман, а во најлошо сценарио, можат да му подлегнат на вирусот.
Поради овие непредвидливи причини, тешко е да се дознае колкав процент од популацијата е инфициран од ковид-19, но е без симптоми, како и колкав процент веќе изградило имунитет против вирусот.
Истражувачи од Германија и Норвешка ги анализирале крвните групи на заболените од ковид-19 и дошле до интересни резултати. Тие ја испитувале улогата на крвната група кај оние со тешки симптоми.
Според истражувањето, од 1.610 испитаници од силно погодените области на Италија и Шпанија, се дознава дека оние со крвна група А имаат најголем ризик од коронавирусот.
Луѓето со крвна група А се чини дека се изложени на висок ризик од добивање на силни симптоми на коронавирусот. Во Германија, 43 отсто од населението ја има оваа крвна група, што значи дека има двојно поголема шанса да биде потребно снабдување со кислород или ставање на вентилатор во случај на инфекција од коронавирусот.
Нултата крвна група, која ја сочинуваат 41 отсто од популацијата во Германија, е среќна, бидејќи, иако не се имуни на вирусот, нивните симптоми би биле благи. Крвните групи Б и АБ не се толку распространети, а сочинуваат 11 и 5 отсто во Германија. Нивните симптоми се измеѓу крвните групи А и 0.
Резултатите од студијата може да помогнат во разни третмани со лекови. Истражувачите користеле слични пристапи кога барале лек ипротив други болести. Во случај на маларија, научниците ја откриле врската меѓу болеста и крвните групи. Сега е познато дека оние со нулта крвна група многу ретко развиваат тешки симптоми на маларија.
Долго време истражувачите се фокусираа на пациентите со висок ризик, оние со хронични болести или старите лица. Пушачите исто така беа во потенцијална ризична група. Сега, истражувачите гледаат на ова истражување како на ново парче од решавање на корона-сложувалката.