Северна Кореја соопшти дека лидерот Ким Јонг-ун надгледувал демонстрација на новоразвиените балистички ракети од среден дострел, за кои изјавил дека ќе бидат „адекватно предупредување“ за САД и за Јужна Кореја, по повод нивните заеднички воени вежби.
Соопштението го објави Централната новинска агенција еден ден откако јужнокорејската војска соопшти дека нејзиниот северен сосед истрелал две ракети коишто паднале во морето.
Вчерашното гаѓање беше четвртата проба на оружјето во Северна Кореја за помалку од две недели.
Експертите велат дека тестирањето би можело да се засили, освен ако не се направи чекор напред во нуклеарните преговори со САД.
Севернокорејска новинска агенција објави дека две ракети биле испукани од аеродромот на западната страна и дека прелетале над Пјонгјанг, пред да ја погодат целта на источниот брег.