Во Монте Карло попладнево беше одржан жребот за групната фаза од Лигата на шампионитеч Легендарниот Бразилец Кака и уругвајскиот напаѓач Диего Форлан ги извлекуваа топчињата, од што произлегоа многу интересни групи.
„Групата на смртта“ е Ф групата, во која се ПСЖ, Наполи, Ливерпул и Црвена ѕвезда.
Актуелниот европски првал Реал Мадрид во одбрана на титулата ќе тргне против Рома, ЦСКА Москва и Викторија Плзен во групата Д.
Интересно ќе биде во групата А, каде што Атлетико Мадрид, на чиј стадион оваа година ќе се игра финалето на ЛШ, ќе игра со Борусија Дортмунд, Монако и Бриж.
Барселона ќе игра во групата Б, со Тотенхем, ПСВ и Интер.
Во групата Х се најдоа Јувентус, Манчестер Јунајтед, Валенсија и Јанг Бојс.
Баерн Минхен за ривали во групата Е ги доби Бенфика, Ајакс и АЕК, додека во Ф групата се најдоа Хофенхајм, Манчестер Сити, Шахтјор и Лион.
Најлесна група е групата Д, во која се наоѓаат Локомотива Москва, Порте, Шалке и Галатасарај.