Екатерина Захариева, бугарската министерската за надворешни работи во своето последно интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.
– Ние имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес – кажа Захариева.
На новинарското прашање дали тука треба да се додаде и македонскиот јазик, Захариева одговори дека оваа тематика е поврзана.
– Да, и јазикот, тоа е се поврзано. Толку документи има. Напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик – истакна Захариева во интервју за бугарската телевизија Канал 3.