По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското вето го уништило психолошки.
– Тоа ме уништи лично, психолошки – рече Заев за „Њујорк тајмс“.
Првиот човек на Владата додаде дека светлината на Европа е нашата водилка низ годините, па сега кога светлата згаснаа ние сме во темнина и не се знае каде може да тргнеме.
Во интервјуто, Заев ја коментира одлуката за организирањето на предвремените избори, нагласувајќи дека без избори можно е да расте национализмот.
– Национализмот и радикализмот може да пораснат повторно. Постои ризик за отворање на конфликти во самите држави, но и помеѓу земјите на Балканот – предупреди премиерот.