Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астра зенека“ за лица над 60 години, поради стравувања од ретка појава на згрутчување на крвта, изјави денеска шефот на работната група на ЕМА за коронавирусот, Марко Кавалери.
Тој за италијанскиот весник „Стампа“ рече дека позицијата на ЕМА е сепак дека во контекст на пандемија, придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици кај сите возрасни групи, пренесува „Ројтерс“.
Кавалиери изјави дека, со оглед на тоа дека епидемијата се намалува и младите се помалку изложени на ризици поврзани со вирусот, ЕМА смета дека би било подобро за нив да користат вакцини засновани на технологија мРНА, како што се оние на „Модерна“ и „Фајзер“.
Препораката важи и за постари од 60 години.
Кавалери потсети дека Франција и Германија одлучија да ја избегнат Астразенека за лица постари од 60 години.