Репрезентацијата на Египет го освои златото на Светското кадетско првенство во Скопје, откако во финалето ја порази Германија со 32-28.
Шампионот беше во предност во текот на целиот меч.
Во натпреварот за третото место, Данска убедливо ја победи селекцијата на Португалија со 35-27.
Македонската репрезентација на ова првенство заврши на 13-то место. Македонските репрезентативци ја минаа првата фаза, но беа елиминирани во осминафиналето од Португалија.