Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22, Гевгелија-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Виница-2, Кичево-3, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-40, Куманово-17, Штип-22, Прилеп-6, Велес-2, Битола-2, Гостивар-5, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-12.
Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80г.) и пациент од Штип (74г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5051, активни 1241
• Куманово 1125, активни 254
• Дебар 210, активни 119
• Штип 923, активни 371
• Прилеп 341, активни 45
• Тетово 1081, активни 196
• Струга 473, активни 190
• Велес 227, активни 20
• Битола 154, активни 70
• Охрид 294, активни 86
• Кавадарци 97, активни 75
• Гостивар 535, активни 300
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 39, активни 23
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 6
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 108, активни 20
• Пробиштип 59, активни 17
• Демир Хисар 40, активни 30
• Македонски Брод 47, активни 38
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 28, активни 24
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 230, активни 118
• Кичево 182, активни 112
• Ресен 146, активни 19
• Неготино 30, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1845 теста се преку: ИЈЗ-853, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-282, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-181, Систина со PCR метода -141, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-6, ГАК-6. Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.